„24 ЧАСА” 18.07.2006 год.

Пионерските чекори на СИЕТО станаа реалност


Прва еко-куќа во Македонија


Вилата Марковски во Кадино, општина Илинден, целокупната потреба од електрична енергија ќе ја обезбедува од алтернативни извори - ветер и сонце.
Идниот четврток, на 27 јули, Македонија и офоцијално ќе ја добие својата прва, експериментална, еколошка куќа. Ова ќе биде крајот на проектот, којн трае речиси пет години, а со кој „ Вилата Марковски ” во селото Кадино, општина Илинден, целокупната потреба од електрична енергија ќе ја обезбедува од алтернативни извори - ветер и сонце. За значењето на проектот, доволно е само да се напомене дека на балканските простори ова е втора куќа од ваков вид. Постои уште една, од пред две години, во Загреб, Република Хрватска. Првата пак, воопшто во Европа, е направена пред десетина години во Фрајбург, Германија.
Еколошката куќа во Кадино е дело на домашната фирма СИЕТО. Предисторијата вели дека на локацијата постоела куќа, викендичка, од 50 квадратни метри во која СИЕТО, пред пет години, експериментално инсталирала ветерна турбина ( wind генератор) од 400W , фотонапонски соларен панел од 50W и акумулаторски батерии од 200Ah. Поставената опрема произведувала доволно струја за напојување на целокупното осветлување во куќата, како и за радио и ТВ - уредите. Паралелно со опремата, бил поставен и компјутерски мониторинг систем, што ги обработувал и архивирал податоците за брзината и правецот на ветерот, како и на сончевата инсолација, потоа на произведената и потрошената струја од турбината и од фотонапонскиот панел. Добиените резултати биле доволни да се влезе во целиот проект - изградба на куќа за постојано живеење, во која потребите за електрична енергија , подготовка на санитарна топла вода и греење би биле во целост задоволени од сонце и ветер најмалку 8 до 9 месеци во годината, односно во пролет, лето и есен. И целта е постигната. Пионерските чекори станаа реалност.
Сега, вкупната квадратура на куќата изнесува 192 квадратни метри, од кои 110 ќе се користат за домување, а остатокот се подрумски и помошни простории. Со оглед дека концептот на еко-куќа бара и други приспособувања, уште во текот на градбата се применети најновите достигнувања во градежништвото од аспект на термичка изолација, ориентација и местоположба на куќата во однос на страните на светот итн. Во внатрешното уредување, пак, исто така е водено сметка максимално да се намалат загубите на се поскапата енергија.
Во поглед на електричните уреди во домаќинството, избрани се уреди од класата еколошки (А-класа), со што е можно помала сопствена потрошувачка. За осветлување во куќата, СИЕТО за првпат ќе ги промовира своите, македонски, високоефикасни светилки, кои се со седум пати помала потрошувачка на струја од конвенционалните флуоресцентни светилки.
Со други зборови, во согласност со новите законски прописи од областа на заштитата на животната средина, опремата вградена во „Вилата Марковски “ спаѓа во еколошка опрема, наменета за користење во урбани средини и на ниту еден начин не ја нарушува природната еколошка рамнотежа, не ја загадува околината и придонесува во заштеда на потрошувачката на фосилните горива, така што нема емисија на штетни гасови и нема штетно влијание на озонската обвивка.
За да нема дилеми, еко-куќата ќе имаи стандарден приклучок на електродистрибутивниот систем во земјата.

Како да се скроти ветерот?

Деновиве, во тек се забрзани подготовки за официјалното пуштање во работа на сите системи во првата експериментална еко-куќа. Нашата екипа ја имаше ексклузивната можност да присуствува на монтажата и пуштањето во работа на ветерната турбина.
Ветерната турбинае производ на американската компанија Лакота, која е дел од корпорацијата Аеромаг, која меѓу другото, ги рпоизведува и авионите Ф-5, Ф - 16 и Т- 38.
Токму поради тоа, и турбината е направена со користење на најсовремената технологија и материјали. Перките на турбините се изработени од карбонски влакна, седумпати појаки од челик, со речиси безшумна работа.
Номиналната излезна моќност и е 1KW .

 

Другите за нас: