СИЕТО доо Скопје е основано 1992 година. Основната дејност на фирмата е производство на специјална индустриска електроника. Вработените во СИЕТО имаат големо искуство во дизајнот и развојот на: тиристорски управувани исправувачи, DC регулација на број на вртежи на еднонасочни електромотори, фреквентна регулација на асинхрони електромотори, коректори на мрежен напон, непрекинати напојувања, електронски уреди за шински возила и друго.Како фирма што се грижи за зачувување на животната средина согласно европските и светските препораки, СИЕТО во сите свои производи се труди да вгради компоненти и технологија која ќе овозможи минимална потрошувачка на енергија, отсуство на загадување на околината како и можност за рециклирање на дотраените делови. Исто така дел од производната програма на СИЕТО се однесува на контрола на квалитетот и мерење на загаденоста на воздухот.Во контекст на нашите заложби за зачувување на природните ресурси, развојниот тим на СИЕТО покрај другото, се занимава и со изнаоѓање нови решенија и можности за искористување на обновлививите извори на енергија.
Наши партнери:
Другите за нас:
- „Дневник” Мај 2002 год.
- „Дневник” Јуни 2002 год.
- „Дневник” Јули 2002 год.
- „ВЕЧЕР” Јули 2002 год.
- „НОВА МАКЕДОНИЈА” Јули 2002 год
- „Утрински весник” Ноември 2003 год.
- „ЕМИТЕР” Декември 2004 год.
- „ЕМИТЕР” Февруари 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Април 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Мај 2005 год.
- „ВРЕМЕ” Октомври 2005 год.
- „ШПИЦ” 04.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 18.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 25.07.2006.
- „ДНЕВНИК ” 27.07.2006.
- „Порта 3“ 6.5.2010.
- „Southeast European Times“ 08.12.2010.
- „build.mk“ 14.10.2012.
- „Капитал“ 18.6.2012.
- „mkd-news“ 29.04.2013.