„Дневник” Jуни 2002 год.
Сашо Спасоски
Намалете ги сметките за струја користејќи сончева енергија
СЕ КОРИСТИ И ЗИМЕ И ЛЕТЕ
Според процените, на територијата на Македонија годишно паѓаат” 40 билиони киловат-часови енергија - 10.000 пати повеќе од сегашаната потрошувачка на енергија во земјава. Тоа огромно количество енергија би можело да се заузда со соларни фотонапонски панели, кои директно произведуваат струја и со обични соларни колектори, кои ја загреваат водата.
Системот од пет соларни колектори и бојлер од 300 литри, кој ја прима и ја чува топлата вода од соларните колектори, може да се приклучи и на парното греење. Во себе има и грејач и може да ги покрие сите потреби од топла санитарна вода и загревање на домот во текот на целата година. Со инсталирање ваков систем едно 8-члено домаќинство би можело да заборави на бојлерите и на вклучување на грејачите во машините за перење алишта и миење садови. И сметките се разбира ќе бидат драстично помали, бидејќи најголемото количество струја што го троши едно домаќинство е за загревање на санитарната вода и на домот.
Сончевата светлина во зима не е доволна за да се загрее количеството вода потребно за сите потреби, но затоа на сцена настапуваат вградените грејачи во бојлерот или котелот на парното греење.
МОЖЕ И ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ
Сончевата енергија може да се користи и за осветлување со соларни фотонапонски панели, кои директно произведуваат струја.
Фирмата СИЕТО нуди системи со фотонапонски панели што би можел да ги задоволи потребите на просечното домаќинство, произведувајќи доволно струја за осветлување и за работа на најголемиот дел апарати во домот, исклучувајќи го шпоретот.
Стручњаците тврдат дека потребите за топла санитарна вода би можеле да се задоволат со соларно загревање. Иако е лето и сите бараат спас од Сонцето, не треба да се занемари фактот дека сончевата ебнергија, која е најефтина и еколошки чиста, е малку искористена и може комплетно да ја замени потрошувачката на струја во одредени сегменти од домаќинството.

Другите за нас:
- „Дневник” Мај 2002 год.
- „Дневник” Јуни 2002 год.
- „Дневник” Јули 2002 год.
- „ВЕЧЕР” Јули 2002 год.
- „НОВА МАКЕДОНИЈА” Јули 2002 год
- „Утрински весник” Ноември 2003 год.
- „ЕМИТЕР” Декември 2004 год.
- „ЕМИТЕР” Февруари 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Април 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Мај 2005 год.
- „ВРЕМЕ” Октомври 2005 год.
- „ШПИЦ” 04.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 18.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 25.07.2006.
- „ДНЕВНИК ” 27.07.2006.