„ДНЕВНИК” 27.07.2006 год.

Еколошка куќа живее од сонце и ветер


Во селото Кадино денеска ќе биде пуштена во употреба првата еко-куќа, која голем дел од потребите за електрична и топлинска енергија ги задоволува преку алтернативните извори - сонцето и ветерот. Ќуќата со површина до 200 квадратна метри е сопственост на семејството Марковски, кои во Кадино престојуваат во лето. Денеска нивниот дом ќе го посетат претставници на општината Илинден, кои со отварањето на експерименталната куќа ќе го одбележат јубилејот на општината. Марковски сметаат дека иднината е во незагадувачките извори на енергија, кои кај нас премалку се користат, а кои ги има во изобилство. Вакви еколошки куќи постојат во повеќе земји , меѓу кои Хрватска и во Германија.

  • Имаме огромно количество сончеви денови во текот на годината. Според податоци на МАНУ, дури девет сончеви месеци. Ветерот е непредвидлив, но може да се смета и на неговата моќ, бидејќи имаме многу поволна шема на ветровите. Се надевам дека посетителите што денеска ќе дојдат на отварањето ќе видат дека куќатафункционира и без класичното напојување на електрична енергија. Повремено се приклучуваме и на тој систем. Изградбата на еко-куќата е пионерски проект - објаснува домаќинот Звонко Марковски.
  • Додава тој не измислил ништо ново, туку само ги користи искуствата што се применуваат во светот со децении. Марковски монтирал осум фотонапонски панели и пет колектори на покривот на куќата и ветерна турбина во дворот, кои заедно месечно произведуваат од 500 до 550 KW/h струја. Куќата е градена според високи норми за изолација и енергетска заштеда. Бидејќи е ова експериментална куќа, во неа тожно се води сметка колку енергија е произведено и колку се троши. Во неа има стари и нови апарати, машини за перење и фрижидери. На секои две минути правам точни пресметкина кој апарат колку струја му треба да функционира. Тоа ќе им послужи на идните „ алтернативци ” да знаат колку опрема треба да инсталираат за да ги задоволат потребите за една ваква екокуќа. Во иднина би можеле да додадеме уште фотонапонски панели и куќата ќе биде самостојна. Ако ги инсталираме сега сите елементи, во летните месеци ќе произведуваме вишок струја што би пропаднала - објаснува Марковски. Големиот број сончеви часови во годината и поволна состојба со ветровите во Македонија може да обезбеди дури 70 отсто од дневните потреби за струја со користење алтернативни извори на енергија. Според некои анализи, пет соларни фотонапонски панели, дополнети со акумулатори обезбедуваат доволно струја за осветлување, греење и за апаратите за домаќинство.

 

Другите за нас: