„ЕМИТЕР” Декември 2004 год.
Дарко Котевски
Хибридни системи за производство на електрична енергија
Зошто ни се потребни хибридни системи?
Веќе рековме дека хибридните системи се наменети за оние потрошувачи кои се далеку од постоечката електрична мрежа или се наоѓаат на остров, така што поврзувањето би било не рентабилно. Но, тие, исто така, можат да се инсталираат на дистрибутивната мрежа во руралните подрачја, со цел да ги подобрат напонските прилики. Кај нас во Македонија, еден од ретките хибридни системи е оној поставен од Македонски телекомуникации во нивниот објект во Лазарополе. Овој хибриден енергетски систем го изведе македонската фирма СИЕТО, која е специјализирана за проектирање и монтажа на таков вид опрема. Поради честите прекини во напојувањето, предизвикани од атмосферските празнења, овој систем има задача да обезбеди резервно напојување во случај на дефект на мрежата. Во нормални услови ги задоволува потребите со енергија на поштата, а доколку има вишок, го предава на мрежа.
Некои од развиените земји нудат бенифиции за производство на “зелената енергија“ во вид на загарантирана откупна цена на KWh или годишни бонуси за дополнителна инсталирана моќност, со што овие системи можат да станат исплатливи за сите кои сакаат и имаат ресурси да произведуваат енергија во урбани средини, села, индустрија, деловни објекти, хотели, болници итн. Достапноста на компонентите кои го сочинуваат хибридниот систем, прави тој да биде корисна инвестиција за секој кој има потреба од ваков вид напојување.

Другите за нас:
- „Дневник” Мај 2002 год.
- „Дневник” Јуни 2002 год.
- „Дневник” Јули 2002 год.
- „ВЕЧЕР” Јули 2002 год.
- „НОВА МАКЕДОНИЈА” Јули 2002 год
- „Утрински весник” Ноември 2003 год.
- „ЕМИТЕР” Декември 2004 год.
- „ЕМИТЕР” Февруари 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Април 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Мај 2005 год.
- „ВРЕМЕ” Октомври 2005 год.
- „ШПИЦ” 04.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 18.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 25.07.2006.
- „ДНЕВНИК ” 27.07.2006.