
„НОВА МАКЕДОНИЈА” Јули 2002 год.
Во употреба репетитор на Мобимак на соларна енергија и ветер
Националниот мобилен оператор АД Мобимак вчера во близина на Неготино ја пушти во употреба првата репетиторска станица за мобилна телефонија во Македонија, која целосно се напојува со енергија од алтернативни енергетски извори, односно од сончева енергија и ветер. Оваа базна станица, вредна 10.000 €, годишно обезбедува 150 - 180 KV струја. Таа е инсталирана со помош на домашната компанија СИЕТО и има цел да се подобри квалитетот на ГСМ сигналот на делот од меѓународниот автопат кој минува покрај Неготино како и неговата поблиска околина.
Ваквата базна станица, со алтернативно напојување на енергија и за ваква намена, е прва не само во Македонија, туку и меѓу првите во регионот, истакнува Роберт Орданоски, извршен директор на Одделот за технички инжинеринг при Мобимак. Во рамките на проширувањето на ГСМ радиомрежата кај нас, една од нашите основни цели е и покривањето на главните патишта, туристичките центри, градовите и руралните средини.
- На оваа локација во близина на Неготино, на делот од автопатот кон Грција, кон која за Олимписките игри 2004 година се очекува голем сообраќај, забележавме послаб прием на сигналот. Во студијата направена за оваа цел констатиравме дека овде годишно имаме повеќе од 250 сончеви денови, па затоа и решивме да поставиме базна станица и репетитор што ќе работат на сончева енергија и ветер, а кога ги нема нив се активираат батериите и ја даваат потребната енергија. Ваквото решение е и поедноставно и поекономично, а има и свои големи предности и од еколошки аспект, вели Орданоски, кој додава дека сега квалитетот на сигналот е одличен, со што овој зафат ја оправдал целта.
Другите за нас:
- „Дневник” Мај 2002 год.
- „Дневник” Јуни 2002 год.
- „Дневник” Јули 2002 год.
- „ВЕЧЕР” Јули 2002 год.
- „НОВА МАКЕДОНИЈА” Јули 2002 год
- „Утрински весник” Ноември 2003 год.
- „ЕМИТЕР” Декември 2004 год.
- „ЕМИТЕР” Февруари 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Април 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Мај 2005 год.
- „ВРЕМЕ” Октомври 2005 год.
- „ШПИЦ” 04.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 18.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 25.07.2006.
- „ДНЕВНИК ” 27.07.2006.