Kако до сопствена централа?

Финансии:

  • финансирањето на проектот и рокот на враќање на инвестицијата е од особена важност за инвеститорот
  • доколку инвеститорот сам ги обезбеди финансиските средствата во целост, рокот на враќање на инвестицијата е 4 - 5 години (во зависност од големината на инсталираната моќност на системот)
  • доколку се користи кредитна линија, рокот на враќање на инвестицијата во зависност од условите за кредитирање е 6 - 8 години поради трошоците за обезбедување на кредитот и банкарските камати
  • во моментов во Македонија постои кредитна линија финанирана од ГЕФ проектот на Светска Банка. Одобрувањето на кредитната линија се одвива преку МБПР (Македонска Банка за Поддршка на Развој)
  • СИЕТО исто така ќе ви помогне при пополнување на апликацијата за кредитот и изработка на бизнис-планот кој треба да биде одобрен од МБПР

 

Колку ќе ве чини инвестицијата?

Вкупниот буџет потребен за изградба на една сончева електрична централа по принцип клуч на рака е составен од неколку дела:
  1. цена на припремни градежно-земјени и бетонски работи на локацијата
  2. цена на фотонапонски панели
  3. цена на инвертори и контролно-управувачка електроника
  4. цена на електрични ормари со спојна и заштитна електроника
  5. цена на метална носечка конструкција на панелите
  6. цена на електрични инсталации
  7. цена за монтажа, поврзување и пуштање во работа

Приближната цена за комплетна изведба по систем клуч на рака (во зависнот од локацијата) изнесува 1,4 - 1,8 € пo W. Тоа значи дека, на пример, за систем од 20 kW ќе треба да планирате буџет од 28.000 - 36.000 €.

Во оваа цена не влегува цената за изработка на проектите, комуналните давачки на општинско ниво, таксата за добивање лиценца за работа, повластен производител и сите други давачки на општинско и државно ниво.

 

Опремата која ќе биде вградена во центалата е придружена со фабричка гаранција.

  • 25 години гаранција на ефикасност на панелите
  • 5 години гаранција за инверторите
  • 5 години гаранција за металната конструкција, и другата електронска и мерна опрема

(Под посебни услови гаранцијата на инверторите и електронската опрема може да биде продолжена на 10 години)