Kако до сопствена централа?

Изградба:

Изградбата на фотонапонска сончева централа е одговорна задача. Тоа е капитална инвестиција, а изведениот систем треба да биде во функција нјамалку 40 години. Не само што е потребно правилно да се проектира колку енергија може да се произведе на дадената локација, туку мора да се избере правата технологија, компоненти мониторинг и tracking (опционално) системи. Конструкцијата на системот има голема улога, бидејќи ја осигурува стабилноста на ситемот кога врне дожд или снег, при силен ветер, високи температури, грмотевици, евентуален земјотрес и сл. Изградбата на фотонапонскиот систем ќе ја изведуваат наши специјалисти со долгогодишно искуство во проектирање и изведба на овој вид системи. Откако ќе биде изградена и поврзана, во периодот на пробна експлоатација до пуштање во редовна работа централата ќе биде перманентно надгледувана од наш специјализиран тим.

  • по обезбедувањето на градежна дозвола на дадената локација се започнува со изградба на централата
  • носител на работата ќе бидат вработените на СИЕТО кои со своето долгогодишно искуство гарантираат изведба согласно сите странски и домашни норми за квалитет и безбедност
  • по завршување со монтажа на опремата секој сегмент ќе биде поединечно тестиран, по што централата ќе биде пуштена во нормална експлоатација

Подетално, чекорите на изградба се следните:

  1. подготовки на локацијата - 8 дена
  2. изработка на носечка конструкција и монтажа на опремата - 30 дена
  3. инсталирање на опрема за мониторинг - 10 дена
  4. поврзување и почнување со пробна експлоатација - 5 дена