Енергетска Електроника

 

1. Тиристорски управувани исправувачи

 


Тиристорски управуваните исправувачи со ознака SIR-T x/yy се изработуваат како исправувачи од општа намена - за напојување на електронски и телекомуникациски уреди и како полначи на батерии. Во зависност од снагата, исправувачите се сместуваат во алуминиумски UNI кутии или во пластифицирани метални ормари со заштита IP54. Уредите се изработени со полна напонска и струјна врска, а приказот на моменталните величини се со помош на дигитални инструменти. Исправувачките мостови се полно-управливи, тиристорски. Имаат струјна заштита од куса врска, наднапонска и поднапонска заштита. Се изработуваат за напони од 12-220 V и струи до 500 A. Мрежниот приклучок во зависност од моќноста може да биде монофазен или трофазен.

 

 

2. SMPS исправувачи

 

 

Импулсните исправувачи со генерална ознака SI-REC ХХ се електронски SMPS (Switch Mode Power Supply ) исправувачи. Се применуваат за напојување на уреди со големи варијации на мрежниот напон. Дизајниран е за влезни напони od 145 - 265 V, и ги прифаќа и двете фреквенции употребувани во железничкиот сообраќај 50 Hz i 83.3 Hz .

Исправувачите се изработуваат за излезни напони од 12, 18, 21 или 24 V и излезни струи од 5-25 A. Електрониката е сместена во алуминиумска кутија која воедно служи и како ладилник. Во секој исправувач има и температурно контролиран вентилатор за дополнително форсирано ладење.

 

 

3. Коректори на мрежен напон SI-KOR

 

 

Коректорите со генерална ознака SI-KOR x.x се употребуваат за корекција на мрежниот напон од 220 V. Се изработуваат како монофазни или трофазни со снага од 1-5 KVA по фаза. Сместени се во стандардно ATX куќиште. На предната страна имаат дигитален волтметар за покажување на излезниот напон. Корекцијата на влезниот напон се изведува скоковито со чекор од по 20 V. За влезни напони од 140-220 V коректорот на излез дава напон од 220 V +/- 5%.

 

4. Непрекинати напојувања

 


Непрекинатите напојувања (UPS) служат за континуирано напојување на електронски потрошувачи каде што не смее да има прекин во напојувањето со електична енергија. Се изработуваат за работа во OFF line и ON line режим, со снаги од 0.5-120 KVA. OFF line UPS-ите се со време на преклоп помало од 2 ms,со вграден коректор на напон (од 187 V) и со чист синусен излезен напон. Нормалната автономија на работа под батериски режим е 7-22 мин. Автономијата може да се зголеми до 10 часа со вградување екстерни батерии и соодветна автоматика.

 

 

5. DC регулатори

 

DC регулаторите со генерална ознака SIETO REG, служат за регулација на бојот на вртежите на моторите на еднонасочна струја. Можат да работат во едно, дво и четириквадратен режим. Повратната информација за брзината на електромоторот се добива преку тахогенератор. Задавањето на брзината е со потенциометар. Се изработуваат за снаги од 0.5-100 KW. Мрежниот приклучок соодветно на моќноста може да биде монофазен или трофазен. Излезниот блок е тиристорски целобраново управуван мост (монофазен или трофазен). Регулаторите се предвидени за вградување во ормар, кој се испорачува со комплетна управувачка автоматика за START, STOP и склопки.

 

 

6. AC регулатори

 

 


 

AC фреквентните регулатори служат за регулација на брзината на асинхроните електромотори. Во зависност од серијата се изработуваат за снаги во класи до 2.2 KV; до 30 KV и до 100 KV. Регулаторите се дигитални со процесорски управувана електроника. На предната плоча постои управувачка конзола со LCD дисплеј на кој се отчитуваат фреквенција, напон, снага, оптеретување и друго. Задавањето на брзината може да биде со потенциометар, со струен извор или преку RS 232 протокол. Излезниот блок е составен од транзисторски IGBT модули. Регулаторите се предвидени за монтажа во ормар.