УРЕДИ ЗА ШИНСКИ ВОЗИЛА

 

За потребите на Македонски Железници се развиени следниве уреди кои повеќе од 15 години се вградуваат во локомотивите, вагоните, како и на патните премини:

 

1. Вагонски регулатор на напон и струја за динамо SIREG 29/150-T

 

SIREG 29/150-T е регулатор на напон и струја за еднонасочен генератор од вагон. Регулацијата на излезниот напон се врши со импулсно-ширинска модулација, на екситацијата од побудната намотка. Ограничувањето на напонот на потрошувачите е преку диодни блокови чиј преклоп се врши со тиристорска склопка управувана од т.н. електронска пумпа. Диодниот блок и тиристорската склопка се сместени на алуминиумска разладно тело со форсирано ладење. Опсегот на регулација на напонот е од 18-35 V, а на струјата од 40-180 A. Номиналните излезни регулирани величини се 29.5 V / 150 A.

 

 

2. Регулатор на напон за локомотиви SIREG 75/16-L

 

SIREG75/16-L е регулатор на напон и струја за еднонасочен генератор од локомотива. Регулацијата на напонот и струјата од генераторот се врши со импулсно-ширинска модулација, на екситацијата од побудната намотка. Регулаторот се изработува за излезни напони од 24; 48 и 75 V. За заштита на батериите од преполнување во регулаторот е вградена тиристорска пренапонска прекуструјна заштита. Се вградува во локомотивите сер. 642, 642/3, 712 и 734.

 

 

3. Вагонски регулатор за тандем алтернатор REG-AB 29/150

 

REG-AB 29/150 претставува поусовршена верзија на регулаторот ГОША за тандем алтернатор 29.5 V / 150 A. Во верзијата на СИЕТО е вградено прецизно подесување на напон и струја, а со тоа се овозможува поедноставно впарување на двата регулатора во паралелна работа. Исто така намалена е можноста за самоосцилирање на напонските компаратори и зголемена е сигурноста на уредот.

 

 

4. Регулатор на напон за моно алтернатор REG-A 29/150

 

REG-A 29/150 претставува поусовршена верзија на регулаторот GETZ за алтернатор 29.5 V / 150 A. Во верзијата на СИЕТО регулаторот има можност за прецизно подесување на двата прага на напон и струја, посигурно формирање на импулсите за палење на тиристорската пренапонска заштита како и приклучување на разни типови на струјни трансформатори за мерење на струјата на алтернаторот.

 

 

5. Електронски картици за HS регулатор SIETO 01-01 и SIETO 01-02

 

SIETO 01-01 и SIETO 01-02 се електронски картици за HS регулатор. Во верзијата на СИЕТО се развиени како резервни картици за овој тип вагонски регулатори со модификација во делот за подесување на напонот и интерниот стабилизатор на напон. На картиците е возможно прецизно подесување на излезниот напон и струја од динамото на вредност од 29.5 V и 150 A.

 

 

6. Струен стабилизатор за Хаслеров брзиномер SIS-2A

 

SIS-2A е струен стабилизатор за Хаслеров брзиномер. Развиен е како замена за досегашните четирижични стабилизатори производ на ЕИ Ниш. Верзијата на СИЕТО овозможува независно подесување на струјата во опсег од 1-4 A. Малиот габарит, двожичното поврзување како и квалитетната вградена електроника го прават овој уред сигурен за експлоатација.

 

 

7. Електронски длабински празнач за акумулатори EL 30-30

 

EL 30-30 е електронски длабински празнач за акумулатори, кој се користи во процесот на регенерација на акумулаторите. Празначот е потполно електронски уред кој овозможува длабинско празнење на батериите при нивното циклусирање. Во текот на празнењето батериите се празнат со константна струја која се подесува од 0-30 A. Бидејќи поседува поднапонска заштита уредот е автономен во работата и не му треба надзор во текот на целото празнење. Празначот е развиен како моноблок за празнење на батерии со напон од 0-30 V и струја од 0-30 A. Доколку се јави потреба за поголеми напони и струи на празнење на батериите, возможно е вакви моно блокови да се поврзуваат во паралела и во серија.

8. DC/AC инвертор SI-KON 1.5

 

 

 

SI-KON 1.5 е DC/AC инвертор кој еднонасочниот 24 - волтен батериски напон во вагонот го трансформира во наизменичен 220 V / 50 Hz. Од овој наизменичен напон се напојува фрижидерот, во вагонот. Инверторот прифаќа варијација на влезниот напон во опсег од 19 - 30 V. Максомалната моќност на инверторот е 1500 W што е сосема доволно бидејќи компресорот од фрижидерот при секое вклучување кратко трајно повлекува електрична енергија со моќност ос 1300 W .

Квалитетната електроника и добриот дизајн го прават безбеден од потреси и вибрации при возењето.

 

 

 

9. DC/AC инверотр SI-KON 600

 

 

 

 

 

SI-KON 600 e DC/AC инвертор кој еднонасочниот 24 - волтен батериски напон во вагонот го трансформира во наизменичен 220 V / 50 Hz. Овој напон се користи за напојување на 220 V електрично осветлување во вагонот. Инверторот прифаќа варијација на влезниот напон во опсег од 19 - 30 V. Максималната моќност на инверторот е 600 W.

Во комбинација со електронската пригушница EL-BA 2.0 овозможува осветлувањето со флуо-светилки да биде максимално ефикасно при минимална потрошувачка на батериска струја.

 

10. Електорнска пригушница EL-BA 2.0

 

 

 

EL-BA 2.0 e електронска пригушница која ги старува флуо-светилките.

Пригушницата овозможува брзо палење на светилките при што го модулира гасот во светилката со струјасо фреквенција од 30-40 K Hz со што се постигнува максималнаосветленост со минимална потрошувачка на струја. Работниот напо на пригушницата е 220 V +/-20%.

 

11. Светлосна LED лантерна SIL-8

 

 

 

 

 

SIL - 8 e светлосен уред за сообраќајна сигнализација. Се користи во светлосна сигнализација на железничкиот сообраќај. Светлосноите лантерни се изведени со високоефикасни LED диоди со вкупна моќност од 5 W. Светлосниот флукс на LED лантерните е до четири пати поголем од флуксот на конвенционалните, а потрошувачката на струја е 2.5 пати помала. Се изработувааѕ во четири бои црвена, жолта, зелена и бела. Работниот напон на лантерните е 12 V.

 

12. SMPS исправувач SI-REC 20

 

 

 

SI-REC 20 e електронски SMPS (Switch Mode Power Supply) исправувач.Се применува за напојување на опремата во патните премини. Дизајниран е за влезни напони od 145 - 265 V, и ги прифаќа и двете фреквенции употребувани во железничкиот сообраќај 50 Hz i 83.3 Hz .

Исправувачите се изработуваат за излезни напони од 12, 18, 21 или 24 V и излезни струи од 5-25 A. Електрониката е сместена во алуминиумска кутија која воедно служи и како ладилник. Во секој исправувач има и температурно контролиран вентилатор за дополнително форсирано ладење.

 

13. Електронско палење за парен генератор EP 12/16

EP 12/16 е електронсо палење за парен генератор за локомотива што овозможува парно греење на вагоните. Електронското палење во целост ја заменува постоечката опрема за формирање на високонапонска искра што се носи на свеќиците. Напонот на искрата што се формира со ова палење изнесува 30 KV. Малиот габарит и тежина како и сигурната искра се покажаа како многу значајни компоненти во експлоатацијата и одржувањето на локомотивата.

 

 

14. Електронски термостат за дизел локомотива SITERM-80

SITERM-80 е електронски термостат за дизел локомотива. Развиен за поребите на Македонски Железници, се изработува за температурен опсег од 70-100 °С и овозможува прецизна контрола на температурите на медиумот врз кој се врши мерење.

 

 

15. Електронски термостат за купе од вагон кола SITERM 20/24

SITERM 20/24 е електронски термостат за купе од вагон кола. Развиен е како мерен инструмент за контрола на темперетурате во купе. Термостатот има можност за независно поставување и бирање на четири температури. Саканата температура се задава преку преклопник во купето.

 

 

16. Електронски контролник за напон за вагон кола SIMIN-REL

SIMIN-REL е електронски контролник на напон за вагон кола. Развиен е како самостоен уред за контрола на минималниот напон за светло во вагонот. Подесувањето на напонот е прецизно во опсегот од 16-22 V.

 

 

17. Временско реле за вагон кола SITIM 3

SITIM 3 е временско реле за вагон кола кое овозможува автоматско гаснење на светлото во тоалетот. Уредот се сместува во предвидената дозна заедно со тастерот за вклучување. Временскиот интервал се подесува од 1-5 мин