УРЕДИ ЗА ЕКОЛОГИЈА

Како фирма што се грижи за зачувување на животната средина СИЕТО во сите свои производи се труди да вгради компоненти и технологија која ќе овозможи минимална потрошувачка на енергија, отсуство на загадување на околината како и можност за рециклажа на дотраените делови. Исто така дел од производната програма на СИЕТО се уреди за контрола на квалитетот и мерење на загаденост на воздухот.

 

1. 8-канален преклопник на гасови S-8107

 

 

S-8107 е 8-канален преклопник кој се употребува во автоматските станици за мерење на загаденоста на воздухот. Има 8 влеза и 1 излез. На влезовите се приклучуваат излезите од стаклените мензури со течниот реагенс. На излезот се приклучува вакум пумпата. Вградената електроника еднаш дневно во текот на целата недела сукцесивно вклучува по една мензура низ чиј реагенс поминува воздухот што се мери. Преклопувањето се врши со квалитетни електромагнетни вентили чиј што внатрешен дел е изработен од прохром. Вградената технологија како и квалитетните компоненти овозможуваат сигурна непрекината работа на уредот 24 часа, 365 дена во годината.