
Фотонапонска централа Сончев Парк Кадино 2
Фотонапонската централа Сончев Парк Кадино 2 е втора сончева централа во сопственост на СИЕТО ДОО. Централата е со инсталирана моќност од 33,5 kW. Инсталирани се вкупно 134 фотонапонски панели со поединечна моќност од 250 Wp, производ на Yingli Solar. 94 од овие панели се монтирани на полуфиксна метална конструкција со можност за мануелно сезонско менување на аголот на насоченост кон Сонцето, а 40 се монтирани на 10 тракери со автоматско насочување кон најсјаната точка на небото. Тракерите и управувачката електроника се производ на СИЕТО. За трансформација на еднонасочната струја добиена од панелите во наизменична, се вградени 2 инвертори, модел STP 17000 TL од производителот SMA. Очекуваното годишно производство од ФЕЦ Сончев Парк Кадино 2 изнесува околу 53 MWh.
По обезбедувањето на градежна дозвола, статус на привремен повластен производител, како и обезбедување привремена лиценца, се започна со изградба на централата.
Градежно-земјените работи започнаа на 05.02.2014.






