
„ШПИЦ” 04.07.2006 год.
Прва екокуќа во Кадино
Најважно е да се стекне навика апаратите за домаќинство да се вклучуваат помеѓу 11 и 15 часот, кога се добива најмногу енергија од сончевите панели
Во скопското село Кадино е изградена првата еколошка куќа во земјава. Сопственикот, електроинжинерот Звонко Марковски, вели дека ова е прва куќа кај нас, во која сонцето и ветерот се користат за производство на електрична струја и топла вода за потребите на едно семејство. Од двестете квадратни метри семејството Марковски за домување користи стотина, остатокот се подрумски и помошни каде што се складира природната енергија. Дури и базенот го полнат со нехлорирана вода, која им е вишок во куќата.
- Согласно најновите тенденции за заштита и унапредување на животната средина во светот, пионерски влеговме во овој проект за изградба на првата екокуќа во Македонија. Колку што ни е познато, во нашето најблиско опкружување ваква куќа е изградена само во Загреб, Хрватска - вели Марковски.
- Кога се гради ваков објект, најважно е да се обврне посебно внимание на три работи. Да се добие електрична енергија за да може да работат еелктричните уреди во домаќинството, да се добие топла санитарна вода и да се добие енергија за затоплување. Но, за да се постигне максимална ефикасност од целиот систем, економски најоправдано е нергијата да се користи во моментот кога се произведува, а само помал дел од неа да се складира за кога производството ќе биде намалено. Затоа електричната енергија произведена од ветерната турбина не ја складираме само во акумулатори, туку со неа директно ја загреваме водата во централниот резервоар. Така, максимално ја користиме енергијата на ветерот - објаснува Марковски.
- Во првите 20 години треба да ни се вратат парите што ги вложивме, а во наредните 20 години треба да заштедиме поради малите сметки што ќе ги плаќаме - вели сопругата Весна.
- Најважно е да се стекне навика машините за перење алишта или за садови, правосмукалката и другите апарати да се вклучуваат преку ден, помеѓу 11 и 15 часот. Тоа е периодот кога целиот систем добива најмногу енергија од сончевите панели. Готвењето во кујната треба да се приспособи да работи на природен гас. За да се избегне загревањето на куќата со термоакумулациски печки проектиравме централно парно греење, кое е комбинација од нискотемпературно подно и радијаторско греење - вели Марковски.
Другите за нас:
- „Дневник” Мај 2002 год.
- „Дневник” Јуни 2002 год.
- „Дневник” Јули 2002 год.
- „ВЕЧЕР” Јули 2002 год.
- „НОВА МАКЕДОНИЈА” Јули 2002 год
- „Утрински весник” Ноември 2003 год.
- „ЕМИТЕР” Декември 2004 год.
- „ЕМИТЕР” Февруари 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Април 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Мај 2005 год.
- „ВРЕМЕ” Октомври 2005 год.
- „ШПИЦ” 04.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 18.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 25.07.2006.
- „ДНЕВНИК ” 27.07.2006.