
|
На дадената локација постоеше викенд куќа во која експериментално СИЕТО во 2000 година инсталира ветерна турбина од 400W, фотонапонски соларен панел од 50W и акумулаторски батерии од 200Ah. Оваа опрема во тој период произведуваше доволно електрична енергија за напојување на целокупното осветлување во куќата, како и за радио и ТВ уредите. Исто така, во овој објект беше поставен и компјутерски мониторинг систем кој ги обработуваше и архивираше податоците за произведената и потрошена електрична енергија од турбинатата и соларниот панел. |
Сл.1 Претходна состојба на постоечката локацијата |
|
|

|
Податоците добиени од оваа мерна станица не охрабрија да влеземе во изработка на проект и изградба на куќа за постојано живеење во која потребите за електрична енергија, припрема на санитарна топла вода и греење би биле во потполност задоволени од сонце и ветер најмалку 8 до 9 месеци во годината, односно во пролет, лето и есен. Првиот чекор кој е превземен е преадаптација и доградба на предниот дел од постоечкиот објект.
|
Сл.2 Нов изглед на предниот дел
(Во градба) |
|
|
|

|
Вториот чекор, догорадба на задниот дел од постојниот објекти е започнат на 15. јули 2005
|
Сл.3 Почеток на работите на задниот дел од доградбата на 15.07.2005 |
|
|
|

|
Уште во текот на градбата на куќата се применети најновите достигнувања во градежништвото од аспект на термичка изолација, ориентација и местоположба на куќата во однос на страните на светот. |
Сл.4 Фаза од доградбата на 22.07.2005 год. |
|
|

|
Вкупната квадратура на куќата е 192 м2, од кои, 110 м2 ќе се користат за домување, а остатокот ќе бидат подрумски и помошни простории Објектот е завршен до фаза на карабина. Сега се монтираат електричните инсталаци, а завршните градежни работи ќе продолжат во месец март 2006.
Продолжувањето на градежните работи започна на 15.03.2006 год. Со затварање на карабината, поставување на внатрешните инсталации и внатрешно малтерисување. |
Сл.5 Продолжеток на градежните работи на 28.03.2006 год. |
|
|
|

|
Системот за загревање на топла вода од сонце се состои од пет колектори со вкупна површина од 10м2. Колекторите се насочени кон југ под агол од 35 степени во однос на хоризонталната оска.
|
Сл.6 Монтажа на колектори за топла вода 15.04.2006 год. |
|
|
|

|
Во подното греење во куќата беа вградени повеќе од 350 м. цевки низ кои ќе циркулира топла вода. Цевките беа ставени на подлога од изолација и беа залиени со цементен естрих. |
Сл.7 Монтажа на цевките за подно греење 17.04.2006 год. |
|
|
|

|
Заради подобра термичка изолација на куќата надворешните ѕидови дополнително беа обложени со стиропор, врз кој беа ставени двата завршни слоја на фасада. |
Сл.8 Ставање изолација на надворешниот дел од куќата 19.04.2006 |
|
|
|

|
Изгледот на куќата со завршена надворешна фасада.
|
Сл.9 Завршена фасада на куќата на 01.05.2006 год. |
|