Инсталираната моќност на сончевата централа е 10200Wp. Инсталирани се вкупно 120 фотонапонски панели со поединечна моќност од 85WP. Електричната енергија се произведува со директна конверзија на сончевото зрачење во електрична струја. Вака добиената еднонасочна струја се трансформира во наизменична 220V/50Hz со помош на три инвертори синхронизирани со трите мрежни фази. Преку посебно електрично броило, оваа струја се предава на дистрибутивниот систем на ЕВН.
Работите на изградбата на централата започнаа во месец Февруари, 2009. |