Kако до сопствена централа?

Во Септември 2008год. Регулаторната Комисија за Енергетика на Р. Македонија утврди повластена откупна цена за струја произведена од фотонапонски панели. Со ова се створија предуслови за изградба на сончеви електрични централи кои целокупнатата произведена електрична енергија ќе ја предаваат на државата. Инвеститорите, по стекнувањето со статус повластен производител на електрична енергија по повластена тарифа, потпишуваат концесиски договор на 20 години со државата. Согласно со овој договор, производителот е должен целосно да ја предава електричната енергија на државата во следните 20 години, а државата се обврзува истата да ја откупува по дефинирана фиксна повластена тарифа од 46 евро центи по киловат час (за инсталирана можност до 50kW, односно 41 евро цент по kWh над 50kW).

Со одлуката на Регулаторната Комисија за Енергетика на Р. Македонија донесена на 31ви Март 2010год. повластената цена за откуп на електричната енергија произведена од фотоволтаични постројки се одредува на 38 евро центи по киловат час за постројки под 50KW и 34 евро центи по киловат час за постројки поголеми од 50kW. Истовремено времетраењето на повластената тарифа се намалува од 20 на 15 години. Новите услови важат за сите оние корисници кои ќе се стекнат со градежна дозвола по донесувањето на оваа одлука.

Сегашната откупна цена утврдена од страна на регулаторната комисија изнесува 16 евро центи по kWh за постројки со моќност под 50kW, a 12 евро центи по kWh за постројки од 50kW до 100kWh