„Дневник” Jули 2002 год.

“Мобимак“ вчера во употреба пушти репетитирска станица кај Неготино, која е првата постројка во нашата земја што стоодстотно се напојува со електрична енергија произведена од енергијата на ветерот и сонцето. Соларните фотонапонски панели и wind генераторите на станицата ги монтираше скопската фирма СИЕТО, која е увозник на оваа опрема. Станицата ја напојуваат два wind генератора од 400W и четири соларни фотонапонски панели од по 100 W, а акумулаторите овозможуваат работа на станицата од три и пол до пет дена при облачно време и отсуство на ветер. Wind генераторите и соларните панели се поставени на пасивниот рефлектор на “Мобимак”

 

 

 

 

Другите за нас: