
„ВЕЧЕР” Јули 2002 год.
Во согласност со стратегијата за развој и унапредување на своите услуги, а со цел да се одговори на предизвиците на модерната технологија “Мобимак“, националниот мобилен оператор, вчера ја пушти во употреба првата репетитирска станица, која целосно се напојува од алтернативни извори на енергија. Поточно, оваа станица , лоцирана на локалитетот што се наоѓа во непосредна близина на Неготино, ќе акумулира енергија преку соларни ќелии и wind (ветер) генератори.
§ Ова го направивме со цел да го подобриме квалитетот на GSM – сигналот на делот од меѓународниот автопат “Е-75”, кој минува крај Неготино до Демиркаписката клисура на реката Вардар. Оваа базна репетитирска станица за мобилна телефонија е една од оние 330 кои функционираат на 225 локалитети во Македонија и е прва, која ќе се напојува со алтернативни извори – истакна Извршниот директор на Одделот за технички операции – инжинеринг при “Мобимак“, Роберт Орданоски.
Опремата, поточно соларните панели и wind генераторите се инсталирани со помош на домашната компанија СИЕТО.
Целата инвестиција чини 10.000 €, што е многу поефтино, како што потенцира Орданоски, отколку да се влечат кабли за струја, а во иднина ќе се бараат локалитети каде што ќе се прават слични технолошки зафати, особено кога се во прашање репетиторски станици.
Целата инвестиција чини 10.000 €, што е многу поефтино, како што потенцира Орданоски, отколку да се влечат кабли за струја, а во иднина ќе се бараат локалитети каде што ќе се прават слични технолошки зафати, особено кога се во прашање репетиторски станици.
Другите за нас:
- „Дневник” Мај 2002 год.
- „Дневник” Јуни 2002 год.
- „Дневник” Јули 2002 год.
- „ВЕЧЕР” Јули 2002 год.
- „НОВА МАКЕДОНИЈА” Јули 2002 год
- „Утрински весник” Ноември 2003 год.
- „ЕМИТЕР” Декември 2004 год.
- „ЕМИТЕР” Февруари 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Април 2005 год.
- „ЕМИТЕР” Мај 2005 год.
- „ВРЕМЕ” Октомври 2005 год.
- „ШПИЦ” 04.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 18.07.2006.
- „24 ЧАСА ” 25.07.2006.
- „ДНЕВНИК ” 27.07.2006.